strumica denes logo

Славчо Попоски со најнова анализа на времето – продолжува големата суша и натаму

Автор:

Датум:

ноември 6, 2018

Автор:

Датум:

ноември 6, 2018

Под влијание на релативно висок воздушен притисок, поточно Антициклон кој е стациониран над североисточна Европа, и во текот на следниот период ќе условува релативно стабилно и суво време.

Само во среда навечер како и во четврток наутро ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите на воздухот иако ќе бидат нешто пониски сепак и понатаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината, истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, од четврток ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Поради ваквата ситуација ќе продолжи есенската суша која ја зафати нашата територија но и поширокиот регион.

Подготви: Славчо Попоски