СООПШТЕНИЕ НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ, СТРУМИЦА:
Почитувани,
Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица ја изразува својата подршка на актуелното раководство на нашата партија предводена од Претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Ние жените, сопругите и мајките во ВМРО ДПМНЕ сме биле, сме и ќе бидеме столбот кој го држел, го држи и ќе го одржи нашиот заеднички дом Република Македонија.
За таа цел, ве повикуваме сите на единство, посветеност и заедно да ги надминеме овие навистина тешки денови за нашата партија но и за нашата земја.
Унија на жени Струмица, посветено ќе работи на остварување на програмските активности на партијата покажувајќи со тоа дека само со труд и работа можат да се надминат и најголемите предизвици кои стојат пред нас.
Да живе ВМРО ДПМНЕ
Да живее Македонија!