Во сабота на 10 ноември со почеток во 12 часот здружението ВЕРА организира Хуманитарна трка за собирање на средства за помош на Нина Димитриевска која има 7 години и треба да замине на операција во САД која изнесува 65 000 евра но семејството не е во можност да ги обезбеди. ДА ТРЧАМЕ ЗАЕДНО ЗА НИНА и да им помогнеме на семејството Димитриевски.
Секој што ќе сака да учествува и да трча на трката ќе треба да плати симболични 100 денари на самиот настан и сите собрани средства ќе ги донираме за Нина.
Почнуваме на Градскиот плоштад во 12 часот и трчаме се до игротеката ПЛЕЈ во Градскиот Парк Во Струмица,каде што ќе не дочека Нина и на сите ќе ни подели по една насмевка и по еден бакнеж ❤❤❤