Според отец Димитар за струмичани многу е значаен свети Теофил струмички, но од црковно политички причини бел ставен во непознаница. Настојувањето на постарите свештеници да се реинкарнира делото и ликот на свети Теофил Струмички било бидејќи Струмица нема многу Светители.
,,Суптилноста на човекот е да ги открие своите корини. А еден од нашите корени покрај светите Петнаесет е и Теофило струмички” – изјави отецот
По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.