strumica denes logo

Младиот и талентиран струмичанец Георги Трајков со свој прв концерт на 19 октомври!

Автор:

Датум:

октомври 17, 2018

Категории:

Настан

Автор:

Датум:

октомври 17, 2018

Категории:

Настан

Со почеток од 19:00 часот на 19 октомври во НУЦК „Антон Панов“-Струмица младиот и талентиран струмичанец Георги Трајков ќе го одржи својот прв концерт на класична гитара.

Гости:
Сара Јанева (Мецосопран)
Александар Бончев (Корепетиор)

Програма:
J.S.Bach, L.Legnani, F.Sor, F.Tarrega, A.Barrios- Mangore, J.Turina, Тодор Скаловски

Георги Трајков

Роден 1997 година во Струмица. Основното музичко образование го стекнува во Струмица во класата на проф. м-р Васко Пиличев. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”-Скопје на отсек класична гитара во класата на проф. м-р Дарко Багески. Во моментот e четврта година нa Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески.

Во текот на своето школување учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари во Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Австрија, Германија и Италија каде има освоено 7 први, 4 втори и 5 трети награди.
Учествува на повеќе летни школи за гитара , зимска школа за гитара во Суботица и академија за гитара во Охрид. Учествува на концерти одржани по различни поводи во Шпанска, Италијанска и Француска амбасада.

Во текот на студиите редовно учествува на концертите организирани од Факултетот за музичка уметност во Скопје.Член е на трио гитари на ФМУ Скопје, кое досега има одржано повеќе концерти во Македонија.
Активно посетува мастер часови кај еминентни професори: Xhevdet Sahatxhija,Tomas Offerman, Zoran Krajisnik, Srdjan Tosic, Georg Schmitz, Johanes Moller, Roberto Fabri, Francisko Morais Franco,Goran Listez,Jorgos Panetsos, Zoran Anic, Ian Coudelac, Oman Kaminski.

Сара Јанева
Родена на 01.01.2000 во Сушица, Струмица.
Основното музичко образование го стекнува во ОУ,,Мануш Турновски” во Ново Село на отсек пијано кај проф. Кирил Запров. Средното образование го продолжува во ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов” во Штип на отсек соло пеење во класата на проф. Виолета Арсовска каде ја изучува основната техника на оперското пеење. Средното образование го завршува успешно како ученик на генерацијата со бројни концерти и државни и меѓународни натпревари во Македонија и Србија. Во текот на средното образование таа посетува часови и кај македонската примадона Милка Ефтимова, а одреден период работи и со сопранот Пиа Бродник во Љубљана, Словенија. Од оваа година е студент на факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсек соло пеење во класата на проф. Славица Галиќ-Петровска.