Стотина млади учествуваа на трибината одржана вчера во општина Ново село. Во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се одржа трибина со наслов: За слободата, владеење на правото и правната држава. Пред присутните со излагање настапија Дајанчо Ефтимов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески Секретар на УМС, Владимир Ристов Петар Марков. Пред настанот членот на Извршниот Комитет даде изјава за медиумите. Ефтимов рече дека секогаш кога владее СДСМ правната држава не функционира.