Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со локален дожд во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Струмица ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 20 степени.
Од утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.