КОМУНАЛЕЦ:
Екипите на ЈПКД ,,Комуналец ,, Струмица редовно излегуваат на терен и го собираат сметот од настанатите диви депонии. Денеска беше исчистен патот на излезот од село Баница до село Водоча. Апелираме до сите наши граѓани да не го оставаат губрето покрај патиштата туку да се јават во ЈПКД ,, Комуналец ,, и истото ке биде подигнато во најскоро можно време .