strumica denes logo

„ИСЦЕЛИТЕЛ“ ВЕЧЕРВА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК КРАЈ ЕЗЕРЦЕТО ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Настан

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Настан

После 23 светски фестивали „Исцелител“ на #sof2018. Струмичката премиера на филмот ќе се случи на 16 јули во градски парк, крај Езерцето.

За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.

Механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.