strumica denes logo

НАСТАН: Ноќни патеки – Епизода Цареви Кули!

Автор:

Датум:

јули 2, 2018

Категории:

Настан

Автор:

Датум:

јули 2, 2018

Категории:

Настан

Оваа лето Ви нудиме шанса да ги избегнете летните горештини и монотоноста во Струмица со новиот серијал Ноќни Патеки, организиран од ЗСК Југоисток.

Ве покануваме да бидете и Вие дел од првата епизода на нашата авантура.
СРЕДА (04.07.2018) со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи “Ноќно искачување до Цареви Кули”.

Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Цареви Кули со велосипед или со пешачење.

Собирно место во 19:30 часот во малиот градски парк, каде двете групи ќе започнат со искачување кон Цареви Кули.

Групата велосипедисти ќе се искачува до Цареви Кули преку асфалтираниот пат преку комплекс Цареви Кули до самата тврдина, додека групата пешаци ќе се движи преку трим патеката до Св.Илија (каде по желба на учесниците може да се направи кратка пауза) па продолжуваме преку асфалтираниот пат до самата тврдина каде е предвидена збиранка со панорамски поглед кон Струмица за сите учесници на ноќното искачување до Цареви Кули.

Трим патеката по која ќе се пешачи (Мал парк – Ловен дом – Св.Илија – Цареви Кули) е долга прилично 5.5 км и се пешачи околу 1:00 до 1:30 часа.
Вело патеката по која ќе се вози (Мал парк – СОУ Никола Карев – Лозиња – Двата пата – Чам чифлик – Цареви Кули) е долга 9 км и се вози околу 1:00 до 1:30 часа.

Потребна опрема:

  • – Соодветни чевли за пешачење (возење)
  • – Фенерче*
  • – Топла облека
  • – Резервна маица
  • – Вода
  • – Овошје и храна по избор
  • – Ранец
  • – Фотоапарат
  • – Кацига (за велосипедисти)
  • – Средство против комарци

Движењето по двете патеки ќе се одвива во групи со водичи, а евентуално оддалечување од групите и предвидената патека ќе биде на сопствена одговорност.