Производителите на домати од струмичко во агонија. Производството им скапува по нивите оти нема ниту откуп ниту пласман. Васе Цветков од Просениково со денови се обидува да го продаде производството кое амбалажирано му стои во дворот. Тврди дека околу 14 тони домати стојат на нивите, пренесува Телевизија 24.
По почетнииот солиден откуп, изминатава седмица производителите контуинирано се жалат на ниските цени и немање откуп и пласман при што бараат интервенции од државата.Од Министерството за земјоделство велат дека се следи состојбата на терен и веќе се во комуникација и се договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачи. Паралелно соопштуваат дека ако земјдоелците остваруваат загуби од призоводната и продажната цена министерството може да излезе со дополнителни мерки за производителите, пренесува Телевизија 24.
Погледнете го целиот прилог на Телевизија 24.