По повод Светскиот ден на книгата Унијата на Жени при Општински Комитет Струмица ја посети Градската библиотека Благој Јанков Мучето. Градската библиотека го одбележи Светскиот ден на книгата и авторските права со читање на светската и македонската порака. Во рамките на посетата Претседателката на Унија на жени Тања Достинова Запрова подари на градската библиотека примероци од авторски труд ,, Дипломатска организација, дејност и професија”
„Големиот број читатели и особено значителен број автори на дела од Струмица и регионот ја испраќат нашата порака дека го препознаваме значењето и улогата на книгата во личниот развој и прогресот на заедницата” – изјави Тања Достинова Запрова.