Младиот струмички уметник Таше Пефќев кој има само 17 години а со своето творештво веќе навлегува во зрелиот уметнички свет, на 25 март со почеток во 19:00 часот во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе ја одржи својата прва изложба на ликовни дела. Пефќев на присутните ќе им претстави 18 уметнички дела за кој како што вели тој се изработени со голема љубов и внимание.
Инаку, Таше е ученик во четврта година во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица и својот талент во иднина планира да го надоградува на еден од факултетите за уметност. На изложбата се поканети сите оние кои се љубители на уметноста.