Здружение за заштита на животни „Animal Lovers“ бара помош од струмичани за згрижување на кучињата

јули 18, 2019

Здружение за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица упати апел до граѓаните на Струмица да им помогнат во битка со згрижување на кучиња. Во продолжение Ви пренесуваме интегриран текст од апелот

Пријатели, ни треба Вашата помош! 

Се грижиме за 30 кучиња и секој ден сами се снаоѓаме за нивна храна.

Нашите плати не стигат за да можеме да го правиме веќе тоа. На средината на месецот остануваме без средства!

Кучињата од утре нема со што да ги прехраниме.

Ве молиме за помош, имаме болни кучиња, сите се стерилизирани, имаме кучиња кои примат секој ден терапија, добиваме повици за помош секој ден..

Ова е сметка за нашите трошоци за 1 месец

Доколку може на било кој начин да ни помогнете, Ве молиме јавете се Наталија на 076/201-031 или на Маја 078/413-554

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: