strumica denes logo

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОБЈАВИ УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО СТРУМИЦА, ВКУПНО 162 НОВИ РЕГИСТРИРАНИ!

Автор:

Датум:

јуни 14, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

јуни 14, 2020

Категории:

Здравје

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 92

– Куманово 3

– Дебар 5

– Штип 1

– Прилеп 2

– Тетово 32

– Струга 3

– Охрид 4

– Гостивар 2

– Гевгелија 1

– Струмица 1

– Крива Паланка 1

– Свети Николе 1

– Ресен 14

Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни.

Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 2

– Прилеп 2

– Тетово 1

До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.