strumica denes logo

НОВИ МЕРКИ: ВО ВАШИОТ ДОМ НЕ МОЖЕ ДА ПРИМИТЕ ПОВЕЌЕ ОД 4 ЛИЦА КАКО ГОСТИ, ЗАБРАНЕТО ГРУПИРАЊЕ НА ЈАВЕН ПРОСТОР ПОСЛЕ 22:00 ЧАСОТ И ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ НА МАСКА НА ОТВОРЕНО И ЗАТВОРЕНО!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

октомври 8, 2020

Категории:

Здравје

Поради зголемениот број на новозаразени лица, Комисијата за заразни болести ќе предложи воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако е стабилна, состојбата можебрзо и лесно да ескалира, затоа мора превентивно да делуваме. Новите рестриктивни мерки се – забрана на поголеми семејни собири, прослави, забави во домашни услови. Се забранува групирање во домовите, а домаќинот ќе смее да прими најмногу 4 лица како гости. Оваа мерка следи зошто сериозен процент од новозаразените се од ваков тип настани. Со ова ќе се избегне забавите од кафулињата да се преселат во вакви услови, рече Филипче.
Најави и дека ќе се забрани групирање на јавен простор после 22 часот на повеќе од 4 луѓе, како што се паркови, бензиски пумпи…

Задолжително носење маски, марама, шал или било каква прекривка за лице секаде при престој на отворено или затворен јавен простор. Исклучок од ова правило е при спортување, на отворен или затворен простор каде што се почитуваат протоколите, при транспорт во приватно возило ако патниците се од исто семејство или домаќинство, при седење во угостителски објекти и во канцеларија доколку е лицето е само. Исклучок исто така се децата до 6 години, додаде Филипче и најави дека овие предлози ќе се достават до Владата за усвојување.