ЕЛИ ПАНОВА: ЕДНОРОДИТЕЛСКИТЕ СЕМЕЈСТВА, ИТНО ДА СЕ ЗАШТИТАТ!

март 21, 2020

Фејсбук статус на Ели Панова, советник во општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник:

Еднородителските семејства – итно да се заштитат!

Во моменти на вонредна состојба, кога фирмите без значителна помош од државата ќе бидат принудени да отпуштат работници, многу граѓани ќе останат без основна егзистенција.

Покрај бројните економски мерки кои секојдневно ги предлагаме, апелираме за дополнителна, итна и неодложна мерка која мора да ја превземе државата: заштита на ЕДНОРОДИТЕЛСКИТЕ СЕМЕЈСТВА!

Законот за семејство сеуште не ја уредува ситуацијата со еднородителските семејства, кои според проценка и анализа на невладиниот сектор кој ја проучува оваа проблематика во земјава има околу 20.000 еднородителски семејства. Бидејќи во Македонија повеќе од 80% од овие семејства се предводени од мајки, овој проблем се оквалификува како родов проблем. Во 2018 година поранешната министерска М. Царовска изјавила дека во 2019 ќе се дефинира еднородителското семејство но, за жал тоа сеуште не е завршено.

Понатаму, ние ќе инсистираме на измени во законската регулатива која го уредува семејството како категорија.

Но сега, повеќе од било кога потребна е помош за оваа категорија граѓани!

Затоа потребно е со владина уредба со законска сила, да се забрани отпуштањето од работа за родител од еднородителските семејства!

Немаат друга егзистенција, за брзо време ке станат социјално загрозени, заедно со дечињата може да останат на улица!

Во моменти кога отпуштање од работа ќе зема силен замав, владата да покаже свест и да ги заштити!
Доколку има веке вакви случаеви, од државата да им се исплака месечен надоместок барем додека да помине оваа криза, за да преживеат!

Да гледаме со очи широко отворени и да помогнеме на повеќе категории граѓани на кои ќе им биде потребна заштита!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ