ЗДРАВА КОТЛИНА: БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ И ЌЕ СЕ ИНТЕЗИВИРААТ!

јуни 27, 2019

Здрава Котлина:

“Владата на Република Македонија на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.”

Ова не е што се очекуваше зошто сите знаат дека лани, а и сега ситуацијата е иста. Минатата година на 63та седница на влада, имаше сличен заклучок во кој на министерство за економија му се дава 7 дена да изготви информација за исполнетост на услови за раскинување на концесија за експлоатација. На следната 64та седница на влада имаше две точки 54 и 55 на дневен ред што се однесуваа на рудникот Иловица од која првата беше за спојување на концесиите а втората беше информација за исполнетост на издавање на дозвола за експлоатација.

И од тогаш наваму ништо не се случи.

Денес на 141 седница го имаме скоро истото. Затоа продолжуваме со блокадите и вечерва ќе разговараме за проширување на активности што би значело и поголеми блокади на регионално ниво, како и протести во Скопје.

Нема да дозволиме два пати да ни се случи иста работа, а ние мирно да чекаме. Притоа додаваме дека нема да дозволиме на мала врата да се протнат рудници и брани во носење на урбанистички планови од посебно значење за државата без јавна расправа како што е предвидено во предлог измените на законот за урбанистичко планирање. Будни сме и се координираме со сите релевантни групи.

Блокадите продолжуваат и ќе се интезивираат по обем и содржина.

Рудник нема да има, продолжуваме до крај!

П.С: Личноста која тогаш како ноќен дух шеташе по селата за да прави пред-договори за имотите на луѓето ја преживеа последната реконструкција на Владата, и уште повеќе како правник има замешано прсти во законот за урбанистичко планирање. Навистина успешен дух…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ