- Во Струмица има вкупно 18 аптеки.
- На локално ниво функционираат 14 туристички агенции.
- Можете да вечерате во вкупно 20 ресторани, а да пиете кафе во вкупно 13 кафулиња.
- Во околината на Струмица има вкупно 72 села, со чие население Општината брои 150 000 жители.
- 90,84% од населението во Струмица се Македонци, а 7,48% се Турци.
- Покрај македонскиот, во градот се зборуваат уште 6 други јазика – турски, бошњачки, ромски, албански, влашки и српски.
- Според пописот од 2002 година, како православни христијани се изјасниле 85,63% од вкупното население, 3035 луѓе се со муслиманска вероисповед, 1443 се католици, а 81 протестанти.
- Во 1948 година, Струмица имала само 10 илјади жители.
- Струмица е збратимена со 5 други градови – Пијаченца (Италија), Рејкјавик (Исланд) , Копер (Словенија), Грујец (Полска), Електростаљ (Русија).