Perdormire
Забава

Саша Ковачевиќ ќе настапи на овогодинешното издание на Струмица Опен Фест


Седмиот „Струмица опен фестивал“ ќе се одржува од 10-ти до 19 август, соопштија денеска на прес-конференција организаторите на фестивалот – Здружението „Културно-забавен живот“. Од Здружението „Културно-забавен живот“, годинава под мотото „Слушај го срцето“, на „Струмица опен фестивал“ ќе се реализираат над 20 настани. Меѓу главните ѕвезди на овогодинешното издание на Струмица Опен Фест ќе бидат Саша Ковачевиќ, Лепа Брена, Тони Цетински и Марија Шерифовиќ.

Саша Ковачевиќ својот настап ќе го одржи на 19 август на струмичкиот плоштад