ОБЈАВЕНИ НАЈСЛУШАНИТЕ ПЕСНИ ВО СВЕТОТ: Најслушан артист во Македонија е Војаж а најслушана песна е „Hajde“ од Теа Таирович!

февруари 2, 2023

Веб-страницата „Либерти гејмс“ објави мапа од најслушаните изведувачи и песни во изминатата година според прегледите на „Јутјуб“. Објавени се и најслушаните пејачи и песни по земји.

Најслушана пејачка во светот е индиската пејачка Алка Јагник, која имала 14,8 милијарди прегледи на платформата. На второ место се наоѓа Бед Бани со 14,1 милијарди прегледи. Бед Бани е и најпопуларен пејач во 17 земји во светот.

Кога станува збор за најслушаните песни, на првото место се наоѓа песната „Saami Saami“ на индиската пејачка Суниди Чаухан. На второ место е песната „We don’t talk about Bruno“ од филмот „Енканто“ (Encanto).

Во регионот најслушан е Јала Брат. Тој е најслушан во Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Најслушана песна во овие земји, освен во Словенија, е „Roze“ на Јала Брат, Девито и Буба Корели.

Во Македонија, најслушан изведувач е Војаж (Voyage), а најслушана песна е „Hajde“ од Теа Таировиќ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ