В сабота, 24 март во НУЦК „Антон Панов“ Младински совет – Струмица ќе го прослави својот јубилеј – една деценија постоење и градење општина по мерка на младите.
Со почеток од 19:00 часот во големата сала ќе започне Свечената седница на Младински совет по повод 10 години активно работење. Настанот е од отворен карактер за сите струмичани.
„На седницата во роденденски и младешки дух ќе бидат доделени признанија, благодарници и плакети на најголемите соработници на организацијата. На настанот ќе се потсетиме на минатогодишните проекти со една ретроспектива и ќе прославиме за нашите заеднички весели мигови“, велат од Младински совет.
Овој совет на млади, изминатите 10 години создаде реална младински платформа од која произлегоа многу активности, волонтери, настани и случувања за подобри услови на секој млад човек во Струмица и пошироко. Од фомирањето во 2007 година па сè до 2018 во Младински совет членувале над 2.500 волонтери, а се реализирале повеќе од 150 проекти од повеќе области кои ги засегаат младите и општеството.
Младински совет Струмица слави една деценија постоење
На 12.01.2025 во 20.00 часот на место викано „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле…
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен…
Сендвичара „STATION“ бара работници со и без искуство. Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може да се јават на…
Се продаваат деловни простории (бутици) на одлична локација во „Глобал“ на први спрат од 34 м2 и 33 м2. Сите…
Се продава урбанизиран плац од 6.000 м2 на одлична локација позади „Треска“ во Струмица. Сите заинтересирани за подетални информации, цена…
Финансиските малверзации, со кои на Буџетот му е нанесена штета од најмалку 65 милиони евра, се утврдени со контроли и…