Летна школа за гирата со Влатко Стефановски на Струмица Опен Фест 2018

април 16, 2018

Во рамките на Струмица Опен Фест оваа година ќе се одржи и летна школа по гитара. Организаторите на фестивалот ја најавија дел од овогодинешната програма на која се појави најпознатиот гитарист од Македонија, Влатко Стефановски. Познати се и датумите и начините на пријавување.

13.08 – предавања со м-р. Васко Пиличев
14.08 – предавања со Влатко Стефановски и м-р. Васко Пиличев
15.08 – предавања со Влатко Стефановски и м-р. Васко Пиличев
15.08 | 21:00 часот | Езерце
Завршен концерт од летна школа за гитара со Влатко Стефановски и м-р. Васко Пиличев

Пријавувањето за бесплатната Летна школа за гитара е во тек и ќе трае до 1 август 2018 година. Повеќе информации за пријавувањето, предвидената програма и условите за учество може да се добијат на vaskopilicev@yahoo.com или на официјалната фејсбук страница на фестивалот.

Досега, на претходните изданија на летната школа учествуваa над 300 талентирани основци, средношколци и студенти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ