strumica denes logo

Фестивалот Струмица ОПЕН догодина со модифициран и збогатен концепт

Автор:

Датум:

август 23, 2019

Категории:

Забава

Автор:

Датум:

август 23, 2019

Категории:

Забава

Неколку дена по завршувањето на осмото издание на Струмица ОПЕН фестивал организаторот „Културен забавен живот“ го најавува следното издание на фестивалот.

На СОФ 2019 се одржаа вкупно 27 настани во 10 недели и важи за најдолгото и најмасовно издание на манифестацијата.

„Во 2020-та ќе понудиме модифициран фестивалски концепт со кој веруваме дека ќе продолжиме да ја збогатуваме спортската и културно-уметничката програма во Струмица. Нови отворени сцени, едукативни настани, спортски натпревари, забава и незаборавни доживувања“.

Од „Културен забавен живот“ упатија благодарност до Општина Струмица и сите општински и безбедносни служби за успешната соработка и овозможените услови за мирни фестивалски денови. Благодарност и до сите општествено одговорни компании кои се наши долгогодишни соработници, како и до волонтерскиот тим кој е препознатлив белег на манифестацијата.