ДОБИЛ ПОНУДА ОД 34.500 ЕВРА: Бившиот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил „Рено 4“!

февруари 9, 2023

Бившиот словенечки претседател Борут Пахор изјави дека е изненаден од понудите што ги добива за својот „Рено 4“ стар 32 години, што неодамна го стави на продажба.

Пахор, кој ја вршеше функцијата од 2012 до лани, кажа дека редовно ќе ја известува јавноста за највисоките понуди и до 4 февруари таа изнесувала 34.568 евра, а дошла од едно претпријатие.

„Сè има свои граници. За цената на ‘четворката‘ веќе не сум сигурен“, кажа Пахор.

Продажбата симболично ќе биде затворена на 15 февруари, кога се одбележува Меѓународниот ден на борба против ракот кај децата. Пахор вети дека средствата од продажбата ќе бидат донирани за оваа цел.

„Колата е стара 32 години и моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе ги донирам за децата кои се борат со рак“, објави Пахор минатата недела.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ