Во организација на One Way Dance Studio Струмицана 13-ти и 14-ти Мај во Струмица ќе се случуваат два танц натпревари, на кој учество ќе земаат над 2000 танчери од земјата и странство.
Најпрво на 13-ти Мај во Спортската сала Парк во Струмица ќе се одржи Државното Првенство во Модерни Танци на Македонија, на кое најдобрите ќе се квалификуваат и ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско и Светско Првенство.
Веднаш по прогласувањето на победниците на Државното Првенство, ни гостува Клаудиа Ларучиа кореограф од Италија, која ќе одржи свој семинар и ќе биде отворен за сите танчери.
По завршувањето на семинарот се селиме на градскиот плоштат каде што од 20:30 часот ќе се одржат танц битки во три категории.
На 14-ти Мај повторно во Спортската сала Парк ќе се случува интернационалниот натпревар Artist Hub Dance Competition каде што учество ќе земаат танчери од Македонија, Србија, Бугарија и Грција, а најдобрите 20 кореографии ќе обезбедат пласман во Гала Вечерта која што ќе се случува од 19:00 часот во Спортската Сала Парк.
Покрај натпреварувачкиот дел исто така на 14-ти Мај ни гостува Рикардо Кампос Фреире, кореограф од Португалија кој што ќе одржи контемпорери семинар во Домот на Арм во Струмица.
Ни претстои еден неверојатен викенд, со над 5000 посетители од земјата и странство.