(ИНТЕРВЈУ) ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА УБАВАТА СТРУМИЧАНКА: КАТЕРИНА КОЦЕВА ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРА ИНСТАГРАМЏИКА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ

Ако за момент помисливте дека гледате слика од светски позната убавица,  вие делумно сте во право. На насловната слика од нашата објава гледате убавица, но по потекло од струмичките улици. Станува збор за Катерина Коцева. Таа на 9 јули го прослави својот 19 роденден и несвојствено за нејзината возраст – преку своите инстаграм слики секојдневно не’ убедува дека дамите се’ уште постојат. Можеби и тоа е причината поради која едногласно беше прогласена за „Најдобра инстаграмџика за месец октомври“ од страна на нашите читатели.

Името Катерина на старогрчки значи „чиста“ и „нежина“. Сосем погодно за скромната Катерина и нејзиниот ненаметлив, а толку видлив шарм. Синооката струмичанка годинава беше матурантка во СОУ „Јане Сандански“ и моментално се наоѓа во Лозана, на интензивни курсеви по германски јазик, чие познавање е предуслов да се запише на УНИ Берн Универзитетот, каде ќе студира бизнис и информатика.

Позитивна, ведра и секогаш насмеана. Сака да истражува и открива нови нешта, љубопитноста ја има однесено на многу интересни локации.

Во продолжение, кратко интервју и дел од фотографиите од Инстаграм профилот на Катерина – @katerinakoceva.

Струмица Денес: Катерина, ти си на постојана релација Струмица-Лозана. Кое е твоето постојано живеалиште според тебе? Кога би требало да избереш едно, на кој град би паднал твојот избор и зошто?
-Во моментот моето постојано живеалиште  е Лозана,Ешаланс.Кога би требало да изберам меѓу Струмица и Лозана, тоа би било Лозана .Причината за мојот избор е едноставна – станува збор за град кој има една друга култура, други манири ,тоа е град кој сите можни човечки желби,очекувања и потреби (во секое поле) ги пружи на дланка. Да не споменувам  пак за природните  убавини и   културните обрасци кои ги поседува и го остава човек без зборови.


Струмица Денес: Колку често патуваш и наброј ни барем три дестинации кои најмногу ти се допаднале?
-Зависи од слободното време…Но, штом се најде простор, се знае –време е за уште едно патување.Како три дестинации кои ми оставиле најголем впечаток би ги издвоила Виена,Плава Легуна (местото се наоѓа помеѓу Грција и Албанија)  и се разбира Париз!

Струмица Денес:Кој е главниот виновник за твоите прекрасни фотографии?
Зад објективот често застанува мојата сестра.Но,последните десет фотографии се направени од повеќе лица.


Струмица Денес:Кои се твоите хобија?
Обожавам да слушам гласна музика – на тој начин ги  „полнам батериите “ со позитивна енергија, но знам да уживам и со добра книга во раце и потполна тишина. Исто така, сакам  и да пешачам.

Струмица Денес:Кои се трите нешта без кои никаде не тргнуваш?
-Четка за заби,  добар кармин и парфем.

Струмица Денес:Кога би можела да избереш две славни личности со кои би го препатувала светот, кои би биле тие?
-Тоа би биле Ирена Шајк и Ариана Гранде.

Струмица Денес:-Кои се инстаграм профилите кои ти ги следиш? Дади ни некои препораки.
-Следам повеќе славни личности и модели ,но како мој омилен  во моментот е моделот Ивана Кораб. Нејзе особено ја следам во последно време. Како препорака, особено кон девојчињата би се насочила  и би рекла дека за да изгледаме убаво, женствено и модерно, треба да бидеме свои, бидејќи секој човек е убав на свој начин. За добар изглед не морате да бидете  измаркирани и накитени, убавината е секогаш во едноставните нешта.

Струмица Денес:Што според тебе, ја прави една жена убава?
-Според мене ,една жена ја прави убава нејзината култура и манири,нејзините дамски и човечки постапки,нејзината харизма,а потоа настапува нејзината природност и елегантност.

Струмица Денес:Бидејќи беше предложена од голем број наши читатели за истакната инстаграмџика од регионов, факт е дека луѓето ја препознаваат суштинската убавина на твоите фотографии. Дали некогаш си размислувала за кариера како фотомодел?

-Ако бидам искрена – да, тоа е мојата детска и на еден начин скриена желба.Но, во животот секогаш ставав акцент на нешта кои бараат повеќе ум отколку добар изглед.Кариерата како фотомодел би ја оставила во моето детство, но доколку во животот би ми се пружила шанса, би ја прифатила како еден вид хоби, не постојана професија.

Струмица Денес:Дали водиш здрав начин на живот, и ако да, на што се базира?

-Здраво тело-здрав дух.Се разбира дека внимавам на здравата исхрана,но тоа не значи дека некогаш не си дозволувам и нешто „забрането,а слатко“. Се’ мора да биде во граници.Најчесто практикувам парче месо,зеленчук,овошје,риба…

Струмица Денес:Што мислиш ти за идејата на Шанел – „Помалку е секогаш повеќе“?

-Убавината секогаш е во едноставноста.Се’ што е пренатрупено е помалку убаво . Едноставноста на нештата полесно води до совршенство.

Струмица Денес:Омилена врста на музика?

-Јас сум човек што слуша се’ што е добро ,  но како омилена врста на музика би рекла поп.

Струмица Денес: Дали истражувачкиот и љубопитен дух ги имаш наследено од некој, и ако да, од кого?
-Истражувачкиот и љубопитен дух го немам наследено од никого,па затоа моите родители често знаат  да се насмеат на моја сметка , во стилот „Ти наше дете ли си?“.Или пак, како совет кој често знам да го добијам пред да отидам на некое ново патување  е  “Кате ,внимавај не се стави во опасност за една слика…’ и сл.

Струмица Денес: Кои идни места за посета се на твојата листа?
-Мојата листа за идни места кои планирам да ги посетам е полна,но поради моите обрврски околу  образованието , јас не знам дали тоа ќе биде според планираното,па затоа нема да откријам ,останува да видите.


Струмица Денес: Дали си планирала да водиш професионален блог на Инстаграм?
– Досега немам размислувано на таа тема.


Струмица Денес: Во скоро време го посети Париз. Кои се трите нешта кои најмногу ти се допаднаа поврзано со градот на љубовта и светлината?
-Кога станува збор за градот на љубовта и светлината,тука јас останувам занемена и воодушевена. Бидејќи е мој омилен град, претешко е да одвоиш  само три од толку убави нешта кои можат да се видат и искусат. Но, кога веќе морам, тоа би било самата Ајфелова кула (целосно осветлена под темното небо додека нејзината светлина зрачи и те остава без здив) ,потоа Музејот ЛУВР – еден лавиринт во кој  со сета душа би сакал човек да се изгуби и како трето нешто би ги издвоила улиците на Париз,кои го тераат на човека да талка по нив до бескрај и да ужива во аристократската структура.

Тимот на Струмица Денес и’ посакува уште многу авантури и успех при усписот на саканите студии. Линк од нејзиниот профил можете да најдете тука.

Во тек е избирањето најдобар инстаграм профил за месец ноември. Имаш пријател кој треба да биде објавен? Пријави го во коментар или инбокс на фејсбук страната на Струмица Денес. Ве очекуваме!

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ