ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Циклонот ДАВИД ќе донесе СНЕЖНО НЕВРЕМЕ

јануари 7, 2019

Силниот циклон ДАВИД кој во среда и во четврток ќе ја зафати нашата држава ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег кој понекаде на пониските места ќе ја зголемат снежната покривка дури за 10 до 20 сантиметри, локално и за над 30 сантиметери додека на повисоките и планинските места и за над 50 сантиметри.

Поради незначителниот пораст на температурите на некои од пониските места накратко има услови да има врнежи од дожд и од снег или влажен снег со што може да направи и проблеми низ населените места, дури поради судирот на многу студената воздушна маса од Русија и малку потоплиот воздух од југ има услови и за ретка појава на грмежи низ државава.

Исто така поради очекуваниот силен циклон граѓаните се советуваат да бидат крајно претпазливи, особено да бидат крајно претпазливи возачите и тоа особено доколку патуваат, односно доколку се движат низ планинските превои.

Ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој во четврток ќе го смени правецот во северен, исклучок ќе бидат југозападните предели каде ветерот ќе биде претежно од југозападен и од западен правец, ваквата ситуација понекаде ќе услови и појава на снежни наноси.

Инаку пак утрешното утро во државава ќе биде ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО со температури од -20 до -9 степени, не се исклучува можноста понекаде температурите да паднат и под -20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ