Адиент Аутомотиве ДООЕЛ Струмица вработува нов член на тимот за позицијата Координатор во кројница.
Адиент е еден од најголемите глобални добавувачи на автомобилски седишта со над 65.000 вработени на повеќе од 200 локации во светот, меѓу кои е и Адиент Аутомотиве Струмица, каде произведуваме различни видови на навлаки за седишта за најпознатите брендови во автомобилската индустрија.
Доколку сте заинтересирани да стекнете искуство во меѓународна компанија, да стекнете личен и професионален развој и да бидете дел од едно возбудливо искуство, приклучете се на нашиот тим!
ОДГОВОРНОСТИ:
– Го координира и организира дневниот процес на работа согласно производствениот план;
– Обезбедува навремено и ефикасно извршување на активностите во согласност со барањата за квалитет, количина и рокови;
– Идентификација и решавање на оперативни предизвици за да обезбеди непрекинато производство;
– Тесно соработува со сите сектори за обезбедување непречен тек на производствениот процес;
– Обезбедува почитување на процедурите за безбедност и здравје при работа и интерните политики на компанијата;
– Учествува во имплементација и одржување на BOS, Lean и континуирани подобрувања во работниот процес.
КОМПЕТЕНЦИИ:
– Минимум една година работно искуство на иста или слична позиција;
– Универзитетска диплома од областа на техничките науки;
– Напредно познавање на MS Office;
– Напредно познавање на англиски јазик;
– Развиени комуникациски, организациски и проектен менаџмент вештини;
– Аналитичко размислување, внимание кон детали и проактивен пристап.
НУДИМЕ:
– Континуирани тренинзи, обуки и можности за професионален и кариерен развој;
– Обезбеден оброк и превоз;
– Бенефити, награди и напредувања;
– Дополнителни превентивни медицински прегледи;
– Физиотерапевтски превентивни третмани;
– Организирани тимски настани, активности и патувања;
– Подароци за новороденчиња и првачиња;
– „Донеси пријател“ програма;
– Подароци за лојалност во компанијата.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете кратка биографија (CV) најдоцна до 30.10.2026 година, на е-пошта: strumica.jobs@adient.com
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со аплицирањето Вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното. Ќе бидат контактирани само избраните кандидати.
























