Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Од денес до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираа од УХМР.