strumica denes logo

УХМР најавува голема промена: Временска за цела недела

Автор:

Датум:

октомври 2, 2018

Автор:

Датум:

октомври 2, 2018

Ураганот кој се наоѓа јужно од нас поточно во соседна Грција ќе влијае на времето кај нас до крајот на денешниот неделен ден и тоа по зголемувањето на облачноста.

Оваа облачност ќе условува повремени врнежи од дожд претежно во јужните и во југоисточните предели каде локално врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Локално во овие предели се очекува да наврнат над 10 л/м2 воден талог.

Само во првата половина од денов на север и запад ќе има долги сончеви периоди а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец кој повремено и локално ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Новата недела ќе ни започне со променливо облачно време додека особено во претпладневните часови од утрешниот понеделнички ден ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд додека во втората половина од денот а особено навечер ќе има намалување на облачноста.

Позначителен пораст на температурите на воздухот ќе имаме на средината од новата недела која ни претстои и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.