Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.
Денеска минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Струмица и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 35 степени.
Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени. Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.