Какво време не очекува денес?

јануари 23, 2023

Претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

 

Во Струмица температурите ќе се движат од 7 до 12 целзиусови степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: