strumica denes logo

И денеска до 40 степени, лекарите советуваат децата да пијат вода на секои 20 минути, бебињата почесто да се дојат

Автор:

Датум:

јули 3, 2019

Автор:

Датум:

јули 3, 2019

УХМР прогнозира дека денеска и утре максималните температури на повеќе места ќе надминат 35 степени Целзиусови, а утре се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9. Но, зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да имаме чувство дека температурите се повисоки од измерените.

Возрасните треба да пијат 6 до 8 чаши безбедна вода дневно, децата да пијат вода на секои 20 минути, а бебињата почесто да се дојат, советуваат лекарите од Институтот за јавно здравје на РСМ, и преку веб-страната на оваа институција.