Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерен облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и јужните делови, каде кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд.
Од УХМР велат дека ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Температурата во Скопје ќе достигне 19 степени.