Голем пад на температурите, постепено наоблачнување во текот на утрешното попладне и вечер како и северен ветер кој долж Повардарието и на север од државава повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час ќе бидат првите значи на фронталниот систем кој утре ќе започне да ја зафаќа нашата држава и најпрвин во северните предели ќе услови пад на температурите на воздухот.
Во четврток ќе има зголемена облачност проследена со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и од локален карактер, особено ќе ги има на запад и југозапад каде ќе има услови и за локална појава на грмежи.
Разведрување на времето ќе има во петок во текот на денот па така поради разведрувањето во сабота наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
Инаку уште утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени додека посвежо преку ден односно пад на температурите ќе има во северните предели од државава.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сето ова особено лошо ќе влијае врз метеопатите поради тоа штоп се работи за релативно нагла и брза промена на временската состојба па така кај истите овие денови растат условите за поизразени здравствени проблеми.
Граѓаните кој ќе ги почувствуваат истите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот лекар за совет. Особено пак во Малешевијата постојат услови за појава на слана и на слаб мраз па така земјоделците ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ со време да ги заштитат своите земјоделски култури од опасноста за појава на слана и на мраз.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ