Социјалната одговорност на верските заедници беше темата на 18-тата епизода од серијалот „На Иста Страна“.
Во емисијата ќе видите позитивни приемри за тоа како свештеници на МПЦ и другите верски заедници работат на помош за ранливите категории граѓани.
Екипата на „На Иста Страна“ ексклузвно влезе и во центарот за рехбилитација на зависниц „Покров“, кој, со целосна поддршка на Струмичката епархија на МПЦ, последните години бележи огромен успех преку спојот на православната психотерапија и науката.
Погледнете го искуството на еден зависник, кој денеска со помош на медицинскиот персонал, но особено со помош на монасите од Струмица, живее еден сосема нов живот.