ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Возраста за пензионирање повторно се менува

август 16, 2023

Стандардната возраст за пензионирање во Германија постепено се зголемува од 65 на 67 години. Во исто време се вжештува дискусијата за уште подоцнежно пензионирање, пишуваат германските медиуми. Стандардната старосна граница од 65 години не важи од 2012 година. Оттогаш старосната граница за пензионирање се зголемува за еден месец годишно.

Моментално се оди во пензија со 65 години и 11 месеци. Оваа граница важи за родените во 1957 година, а од следната година старосната граница ќе се зголеми за два месеци. Во 2031 година стандардната старосна граница за пензионирање од 67 години ќе важи за сите нови пензионери.

Професорката по економија Вероника Грим неодамна привлече големо внимание од германскиот совет на економски експерти со нејзиното барање за дополнително зголемување на границата за пензионирање, пишува магазинот Феникс.

За актуелното барање за пензионирање по 67 години се наведуваат истите аргументи со кои тогашните владејачки партии го оправдаа воведувањето пензија од 67 години во 2007 година. Владата го оправдува овој потег со намалениот број на деца родени во Германија во последните децении. За време на таканаречениот „бејби бум“ во средината на шеесеттите години на минатиот век, бројот на раѓања беше приближно двојно поголем од сега. Друга причина е што се зголемува животниот век, а со тоа и бројот на години во кои луѓето во Германија добиваат пензија.

Во 1960 година, мажите во старите сојузни држави добиваа пензија 9,6 години. Во 2021 година тој број изнесуваше 18,8 години. Што се однесува до жените, должината на пензионирањето е повеќе од двојно зголемена во истиот период, од 10,6 на 22,1 година.

Иако стандардната возраст за пензионирање моментално е под 66 години, луѓето во Германија во просек се пензионираат многу порано. Неодамна новите пензионери во просек имаа 64,4 години, значи околу година и пол помалку од стандардната граница. Ова не ги вклучува инвалидските пензии. Вработените можат да се пензионираат предвреме доколку имаат уплатено во пензискиот фонд најмалку 35 години. Секој што придонел најмалку 45 години не мора да зема никакви одбитоци. Пониска сума ќе добијат оние кои платиле помалку и сакаат предвреме да се пензионираат, пишуваат германските медиуми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ