strumica denes logo

Пронајден џиновски череп од животно кое може да достигне тежина од 30 тони, властите предупредиле: „Не допирајте ништо“

Автор:

Датум:

мај 21, 2024

Категории:

Свет

Автор:

Датум:

мај 21, 2024

Категории:

Свет

На брегот на Северна Каролина неодамна е пронајден огромен череп (широк три, висок два метри), а мештаните се предупредени да не се обидуваат да го отстранат.

Надлежните откриле дека му припаѓал на морско суштество кое може да порасне до 20 метри и да тежи 30 тони.

На прво поглед, делува дека имало остри заби, но всушност станува збор за дел кој го поврзувал черепот со остатокот од телото, пренесува „Daily mail“.

Дали можете да погодите за кое суштество станува збор? Секако, за кит, и тоа грбав.

 

„Нивните черепи се релативно флексибилни, посебно околу зглобовите на вилицата, што им овозможува низ широките отвори на устата да консумираат големи количини на вода и плен“, откриле научниците.

Според податоците на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), најмалку 30 грбави китови угинале на брегот на Северна Каролина од 2016-та година.

Ваквата појава се припишува на историјата на регионот со урагани и бродоломи, односно подморксата географија на Северна Каролина која понекогаш знае „да ги зароби големите цицачи“.

Грбавите китови се присутни во океаните и морињата ширум светот, а обично минуваат 25.000 километри секоја година.

Некогаш биле мета на индустријата на ловци на китови. Овој вид е донесен до работ на изумирање – неговата популација опаднала за 90% пред мораториумот од 1966-та година.