Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Дел од медиумите во соседна Србија објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го уништат летниот одмор доколку планирате да летувате во таа држава.
Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:
Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра
Неносење појас – 350 евра
Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.
А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:
Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.
Овој медиум направил анализа на казните и во Македонија, но и во Бугарија.
Тие се следниве:
Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра
Поминување на црвено светло – 300 евра
Некористење појас – 20 евра
Непрописно паркирање – 45 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
Дневно возење без дневни светла – 35 евра
Во соседна Бугарија казните се следните:
Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра
Поминување на црвено светло – 25 евра
Неносење појас – 25 евра
Непрописно паркирање – до 102 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра