Новoотворената болница „Мартини“ во Струмица бележи значаен медицински успех со првата успешно извршена гинеколошка лапароскопска операција, со што се поставуваат нови стандарди во современата, минимално инвазивна хирургија во регионот.
Како што информираат од установата, интервенцијата била реализирана со висок степен на професионалност, благодарение на стручноста, посветеноста и координираната тимска работа на медицинскиот персонал. Операцијата поминала без компликации, а пациентката е во стабилна состојба и успешно закрепнува.
Од болницата посочуваат дека овој значаен чекор претставува потврда за нивната заложба кон обезбедување квалитетна и безбедна здравствена грижа, при што пациентите остануваат во центарот на вниманието.
Воедно, од „Мартини“ најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со вложувања во современи методи и технологии, со цел да обезбедат највисоко ниво на медицински услуги за граѓаните.
„Мартини“ болница се позиционира како нов здравствен центар во Струмица, каде грижата, стручноста и довербата одат заедно.























