bandr
Струмица Денес

ШВЕРЦУВАНА 10 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ПРЕКУ НОВО СЕЛО!

Бугарската полиција трага по вооружен турски дилер, кој завчера непречено ја преминал македонско-бугарската граница со десет килограми марихана во автомобилот, преку граничниот премин „Ново Село“, дознава „Нетпрес“.

Турчинот се возел со бугарски „мерцедес“, кој бил „уредно“ преконтролиран од нашите службеници за што бил изготвен и извештај, по што на Турчинот му било дозволено да го продолжи патот.

Меѓутоа, полицајците од преминот „Златарево“ на бугарската страна го уапсиле Турчинот во чиј багажник била откриена дрогата. Полицајците го издвоиле „мерцедесот“ за претрес, при што во багажникот ја пронашле дрогата.

Но, Турчинот успеал да го искориси невниманието на бугарските полицајци и да избега. Покрената е потера, а населението на блиските села е предупредено да внимава оти се трага по опасен и вооружен криминалец.

Ова е втор скандал поврзан со ГП„Ново Село“, откако пред еден месец таму исчезнале десет патни исправи на бугарски туристи, за што веќе пишуваше „Нетпрес“.

Иако побаравме, до денеска не е стигна одговор од МВР до каде е истрагата на секторот за внатрешни работи и професионални стандарди кое истражува како се случило да исчезнат пасошите на Бугарите кои биле на карневалот во Струмица. Не е познато ниту дали е некој казнет за тоа што бугарските туристи влегле и излегле од земјава без патни исправи.

Според информациите на „Нетпрес“, настанот се случил на 17 февруари на Граничниот премин „Ново Село“ кога во земјава влегол бугарски автобус со туристи кои оделе во Струмица. Македонскиот полицаец им ги собрал пасошите на патниците и ги однел на проверка во компјутерскиот систем. По завршената контрола полицаецот му ги вратил пасошите на водичот кој кога се вратил во автобусот сфатил дека недостигаат десет патни исправи.

Бугарите веднаш реагирале, па за да се заташка работата туристите биле пуштени да влезат во земјава, а наредниот кога се вратиле на преминот пасошите пак не бле таму. Тие пак реагирале, но полицајците ги пуштиле да си заминат, без да ги вратат во Скопје да го регулираат проблемот со документите во Амбасадата. Скандалот излегол на виделина кога патниците ја тужеле агенцијата, па бугарската полиција потврдила дека во нивниот компјутерски систем било регистрирано дека ја напуштиле Бугарија. Тогаш од агенцијата побарала официјално потврда од МВР дека пасошите им ги изгубиле полицајците од Ново Село.

Дали станува збор за кражба или за нешто друго треба да покаже истрагата.

Голема е веројатноста пасошите да биле украдени бидејќи бугарските лични документи се на цена и се подаваат и по цена од 1.000 евра на криминалните групи.

ИЗВОР: НЕТПРЕС