strumica denes logo

Општина Струмица константно ја унапредува меѓуетничката интеграција во образованието

Автор:

Датум:

март 9, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 9, 2018

Категории:

Струмица Денес

Општина Струмица во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и Младинскиот образовен форум од Скопје, а во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, организираше дебата – Младински разговори на тема „Локалната заедница како главен фактор за унапредување на меѓуетничка интеграција и граѓанските вредности кај младите“. На дебатата која што се одржа денеска во домот на АРМ учествуваа ученици, директори, претставници на стручните служби и советите на родители и наставници од основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Маршал Тито“ од Муртино, „Никола Вапцаров“ и „Сандо Масев“, средните училишта „Јане Сандански“ и „Никола Карев“ и претставници на Младинскиот совет. Учесниците на дебатата ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски.

-Имајќи го предвид мултикултурниот карактер на нашето општество, како и мултиетничката структура на населението во општина Струмица, а воедно и во образовниот систем, општина Струмица донесе одлука константно да ја унапредува соработката во подрачјето на меѓуетничката интеграција во образованието. Општина Струмица во соработка со училиштата е посветена да креира своја политика за промовирање на меѓуетничка интеграција во образованието и планира активности според карактеристиките на училиштата. Меѓуетничката интеграција во образованието претставува промовирање на интеракцијата меѓу учениците и во повеќејазичните училишта („Маршал Тито“ – Струмица, „Маршал Тито“ – Муртино, „Даме Груев“ – Куклиш, во паралелките од прво до петто одделение) но и во еднојазичните училишта.

 

Кога учениците учествуваат во заеднички активности имаат можност за непосредна комуникација и меѓусебен контакт, меѓусебно запознавање и формирање интерперсонални релации, учење едни за други, едни од други и за намалување на негативните стереотипи и предрасуди за другите. Општина Струмица во 2017 година донесе стратегија чија општа цел е воспоставување на поттикнувачка околина за активно учество на општината и училиштата во креирање на политиките за активности за меѓуетничка интеграција во образованието на општинско ниво. Поаѓајќи од таквите заложби се надевам дека овие денешни Младински разговори ќе бидат уште еден значаен исчекор во меѓуетничкото интегрирано образование, со што општина Струмица ќе го задржи високиот рејтинг, кој го ужива на тој план, рече Јаневски.