strumica denes logo

МИТКО ЧАВКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ!

Автор:

Датум:

март 26, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 26, 2018

Категории:

Струмица Денес

Врховниот суд денеска донесе одлука осомничените во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, да бидат пуштени од притвор. На ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров и Митко Пешов, мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничемите З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор. За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

Осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.

Врховен минатата недела одржа јавна седница, по жалбите кои се поднесени на решенијата на Апелацискиот суд, со кои се бараше укинување на мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни за обвинетите. Меѓу другите обвинети, за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се бараше укинување на мерката притвор, а за пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дурловски укинување на мерката куќен притвор и изрекување на мерки на претпазливост.

Муковски, Василевски, Чавков и полицискиот службеник Мунир Пепиќ се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се во притвор од 28 ноември минатата година.

Инаку, премиерот, Зоран Заев, денеска по рочиштето за случајот „Поткуп“ пред медиумите изјави дека мерката притвор не смее да се користи како казна, туку да биде применувана само кога е неопходно. Најголемата оппозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, го условуваше враќањето во Собранието со тоа пратениците кои се затворени бидат пуштени од притвор.