Perdormire
Струмица Денес

Mинистрите Царовска и Филипче во посета на „Избор Струмица“

Министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон, денес беа во посета на  здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“.  Здружението работи и на развивање социјално претприемништво и социјална инклузија. Пример за тоа е социјалното претпријатие „Покров“ кое функционира во рамките на здружението „Избор Струмица.“

,,Избор-Струмица е граѓанско здружение за лекување на лица зависници од психотропни супстанци. Тоа работи по принципот на светските тераписки заедници и паралелено го развива социјалното претприемаштво. Така, во рамките на здружението функционира и социјалното претпријатие „Покров“, чија цел е работна интеграција на лицата зависници од психотропни супстанци. По успешниот третман од зависност, лицата имаат можност да си обезбедат достојно и стабилно вработување, да водат продуктивен живот и целосно да се интегрираат на пазарот на трудот. „Покров“ произведува органска храна и производи од висок квалитет, а претпријатието фунционира успешно и независно на пазарот во Македонија. „Покров“ е одличен пример за социјално претприемништво и затоа денеска со министерот за здравство, Венко Филипче и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон ги посетивме и се запознавме одблиску со нивната благородна работа. Развој на социјалното претприемништво е една од главните наши заложби. Затоа, со новиот Оперативен План за вработубвање обезбедуваме 19.000 денари месечно за вработување на над 520 лица од ранливи или тешко вработливи категории.Ги поттикнувам сите претприемачи да се запознаат со поволностите кои ги нуди Оперативниот План за вработување во делот на социјално претприемништво. Верувам дека многу брзо ќе имаме повеќе вакви успешни социјални претпријатија.” – изјави министерката Царовска