Интервенции на дел од регионалниот пат во Владевци

март 21, 2018

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и во соработка со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта  Македонија пат и Јавното претпријатие за државни патишта, од денес започнаа градежни  активности за  уредување на дел од регионалниот пат во населеното место Владевци.  Конкретно се работи  на поставување на бетонска подлога како прва фаза од планираните активности чија цел е трајно и квалитетно решавање на ова прашање. Во текот на наредните денови активностите ќе финализираат со асфалтирање на овој дел од регионалниот пат. Како што информираше градоначалникот Јанев кој денес беше на лице место, во текот на претходните денови општина Василево извршила посипување со чакал и тампонирање на патот  кој бил во исклучително лоша состојба пред се поради локацијата односно слевањето на поројните води токму во тој дел,  но и перманентното неодржување во текот на минатите години. Лошата состојба на патот била и една од главните причини поради која жителите на Владевци и покрај потребите неретко се одлучувале наместо по овој да се движат по многу пофреквентниот магистрален пат А4 кој минува низ ова населено место. „Бенефит од оваа активност ќе имаат пред се жителите на населеното место Владевци но и сите останати учесници во сообраќајот, кои го користат овој пат или магистралниот А-4“, е ставот на градоначалникот Јанев. Должината на делот од патот што ќе се асфалтира е околу 100 метри.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ