Perdormire
Струмица Денес

Градоначалникот Јаневски на трибина со земјоделците и откупувачите од регионот

 

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на трибината со земјоделците и откупувачите од регионот која што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. На трибинатата на која што присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се разговараше за моменталната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделски производи. Иако, Општината нема надлежности во оваа област, градоначалникот Јаневски, постојано се интересира за состојбата на земјоделските производители, ги поддржува и помага во решавањето на нивните проблеми, бидејќи струмичкиот е најголемиот земјоделски регион во Македонија. Министерот Николовски најави отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица во наредниот период и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи од овој регион.