(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЕНТУЗИЈАСТ-СТРУМИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЗАГИНУВАЊЕТО НА ТРАЈКОВСКИ ПО СНЕЖНАТА БЕЛАСИЦА!

март 1, 2018

ПАОК „ЕНТУЗИЈАСТ“-СТРУМИЦА по тринаесетти пат ја реализираше својата активност „Одбележување денот на загинувањето на Претседателот Борис Трајковски! Петнаесетина планинари од Струмица,Радовиш и Гевгелија ја поминаа трасата од Струмица до Скопје во должина околу 200км во четири етапи. Шеесет планинари од „Ентузијаст“ и од Бугарија се искачија на планината Беласица на Шарена Чешма 1.300 м.н.в. Во недела 25.02.2018 дваесет и осум планинари од кои 19 од Бугарија и 9 од Струмица за три часа од планинарскиот дом се искачија на врвовите на Беласица. Страшното невреме се појави одеднаш пред врвот „Борис Трајковски-Ботра“ 1.800 м.н.в и не дозволи на само двеста метра да се стигне до целта, но сепак се помина како што беше предвидено и успешно се реализира активноста.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: