strumica denes logo

(ФОТО) ИЗНАЈМЕТЕ ВОЗИЛО ОД RENT A CAR EURO SKALA-СТРУМИЦА: ОД ДЕНЕС ДОСТАПНИ ЧЕТИРИ НОВИ ВОЗИЛА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

март 1, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 1, 2018

Категории:

Струмица Денес

Од самото формирање на компанијата, се залагаме за обезбедување на најдобра услуга при изнајмување возила. Како се менуваат потребите на нашите клиенти, така се менуваме и ние. Минуваме километри за да им помогнеме на луѓето да го добијат потребното возило.

Раководени од идејата возилата од нашата понуда да ги задоволуваат сите барања на физички и правни лица, избравме ексклузивни модели со врвни безбедносни рејтинзи, впечатлив дизајн, модерен и удобен ентериер, како и богата опрема.

Знаеме дека денешниот динамичен начин на живот може да не однесе во милион правци. Наша цел и задача е да ви го олесниме планирањето и да ви обезбедиме безбедно патување, без разлика која е вашата следна дестинација. Нашата мисија е да го направиме искуството на изнајмување автомобил толку лично и едноставно што ќе почувствувате како да возите сопствен автомобил.

Како и секогаш, може да го изнајмите возилото кое најмногу ви одговара. Ви помагаме да го пронајдете вистинското возило за вистинската цена, при што самиот процес на изнајмување е максимално поедноставен.

Секогаш се стремиме да го обезбедиме најдоброто за нашите клиенти, затоа задоволство ни е да ве информираме дека од денес се достапни четири нови возила за изнајмување, од кои две ŠKODA Octavia и две ŠKODA Rapid.

За нас клиентот е најважната личност во нашиот бизнис.