Perdormire
Струмица Денес

Британците уплашени од предвидувањата на Ванѓа: Путин ќе стане господар на светот

Британскиот Дејли Мејл пишува дека македонската слепа пророчица, која ги  предвидела терористичките напади од 11 септември,  претскажала и  дека Владимир Путин еден ден ќе владее со светот.
Баба Ванѓа, која почина во 1996 година на 85 годишна возраст, беше позната како Нострадамус на Балканот, потсетува весникот.
Во 1979 година,  таа на писателот Валентин Сидоров му рекла дека Русија ќе владее со светот откако Европа ќе стане пустош, пренесува Дејли Мејл.

„Се се топи, како и мразот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој трга се од својот пат и не само што ќе сочува, туку и ќе стане господар на Светот“… Но, и дека Русија повторно ќе стане Империја!, рекла тогаш македонската пророчица.

Британскиот весник потсетува  дека пророштвата на Ванѓа досега се покажале како 87 % точни.

Дејли Мејл  пишува дека Вангелиа Пандева Димитрова, родена во Струмица, исто така го предвидела и Брегзитот.